top of page

Области и услуги 

Промет со недвижности 

        Кога решивме да започнеме во бизнисот на посредување при купопродажбата на недвижности, суштествениот елемент на нашата визија беше да воспоставиме стандарди на работење по кои ќе бидеме препознатливи, кои ќе бидат во согласност со европските регулативи и кои на клиентот ќе му донесат едно поинакво искуство. 

        Затоа, одлучивме да негуваме начин на работење кој ќе не’ издвои и ќе не пренесе на едно ново ниво на комуницирање во деловните односи. 
Фокусирани сме на иновативност, стратешко планирање и отвореност кон модерни решенија.

 

Стандардите кои ги поставуваме како фундамент на секоја деловна соработка се: 

  • Почитување на законската регулатива во секој аспект на процесот на купопродажба

  • Bona fide стандард на меѓусебна доверба со нашите клиенти

  • Интересот на нашиот клиент е појдовна точка од која не отстапуваме во преговорите со другата страна, воедно не нанесувајќи им штета на туѓите интереси

  • Поддржување фер трговски практики, почитување на правилата на струката кои важат на европските и светските пазари и се борба за лојална конкуренција на пазарот.

Како работиме и што би можеле да очекувате?


       Ве водиме професионално низ целокупниот процес на купопродажбата се’ до остварувањето на правото на сопственост на име на купувачот и запишување на сопственоста на негово име во карастеалиот операт 

2

Правен консалтинг 

       Услугите во секторот правен консалтинг опфаќаат услуги од областа на трговско право, како регистрација, спојување и раздвојување на фирми, статусни промени, консалтинг и застапување за работни односи, стечај, антимонопол и заштита од конкуренција, даночно право, сопственост, облигациони односи, недвижности, застапување пред ЕСЧП во Стразбур. 

      Насочени сме пред се кон помагање на компаниите како и физичките лица, однапред да бидат запознаени со можностите, предностите и розиците од некој правен однос. 
 

3

Деловен консалтинг 

        Современиот свет бара од нас современ и иновативен пристап кон бизнисот.  Затоа, посветени сме на консалтинг кој ќе им помогне на компаниите да носат одлуки кои ќе значат максимален импакт врз нивниот профит, со истовремено внимание насочено кон законските прописи и процедури. 

© 2024 VERA law|finance|real estate. All rights reserved.

bottom of page